Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе од 30 земјотреси во текот на ноќта во Босна, загина 28-годишна девојка

/

пред 1626 дена

Сподели преку :

28-годишна девојка загина во синоќешниот земјотрес кој ја погоди Босна и Херцеговина. Девојката се здобила со силни повреди откако врз неа се урнал ѕид од семејната куќа, била итно пренесена во болницата во Мостар, но докторите не успеале да ја спасат. Нејзините родители и сестра добиле полесни телесни повреди, јавуваат босанските медиуми.

Во болницата во Столац во текот на ноќта, докторите јавуваат дека имало многу повредени луѓе, но имале работа со панични напади кај многумина.

Материјалната штета не е голема, најмногу се регистрирани оштетувања на фасадите од објектите. Земјотресот со јачина од 5,7 рихтерови степени ги исплаши луѓето на Столац, панично ги напуштаа зградите, а ноќта ја минаа во автомобилите и во парковите пред згадите.

Следувале повеќе од 30 афтершокови, а најсилниот бил утрово во 4:20 часот, кој бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Во 2:59 часот бил 4,3 степени, во 2:02 бил 2,6 степени, а во 1:55 бил 2,9 степени според Рихтеровата скала.

Силниот земјотрес се почувствува и во Македонија откако граѓани од Скопје, Тетово и Прилеп на социјалните мрежи објавија за силниот земјотрес.

Ова е најсилниот земјотрес во изминатите 50 години во Босна и Херцеговина.

28-годишна девојка загина во земјотресот во БиХ, паднала карпа врз семејната куќа