Религиозниот водач на Друзите, шеикот Јусеф Џарбу, денеска изјави дека Друзите во Сирија постигнале договор за примирје со сириската влада во Свеида, кој стапува на сила веднаш.
Тој рече дека сите уапсени за време на немирите во Свеида ќе бидат ослободени.
Ова е четврто примирје во Свеида од неделата, а сите претходни се прекршени многу брзо откако беа постигнати. Досега, 300 луѓе се убиени во судирите во јужна Сирија.
Израелските сили претходно денеска нападнаа неколку локации во Дамаск, вклучувајќи го Министерството за одбрана и областа околу претседателската палата, а сириските медиуми објавија дека најмалку едно лице е убиено, а 28 се повредени.
- „Видовме како овие прекини на огнот беа објавени, а потоа игнорирани. Важно е борбите да престанат. Важно е сите Сиријци, без оглед на нивната националност, нивната вероисповед или кој било друг критериум, да се чувствуваат безбедно и заштитено од нивната влада. Затоа го зедовме предвид соопштението од претседателството за истрага. Па, очигледно сакаме да ги видиме резултатите од таа истрага и сакаме да видиме одговорност“ – Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
- „Да, комплицирано е, очигледно. Ова се историски, долгогодишни соперништва меѓу различни групи на југозападот на Сирија, бедуините, заедницата Друзи, и тоа доведе до несреќна ситуација и недоразбирање, се чини, меѓу израелската и сириската страна. Значи, бевме ангажирани со нив цело утро и цела ноќ со двете страни, и мислиме дека сме на пат кон вистинска деескалација, а потоа се надеваме дека ќе се вратиме на вистинскиот пат во помагањето на Сирија да изгради земја и да стигнеме до ситуација таму на Блискиот Исток која е многу постабилна. Значи, во следните неколку часа се надеваме дека ќе видиме вистински напредок за да се стави крај на она што го гледавте во последните неколку часа“ – истакна Марко Рубио, државен секретар на САД.
Двајца цивили се убиени – израелската војска го погоди Министерството за одбрана на Сирија











