Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Имав трема, бев многу возбуден, но и годините го сторија своето – пливачот Ѓуретановиќ се огласи по настапот на ОИ во Париз

/

пред 802 дена

Сподели преку :

Возраста и тремата како фактор во Париз, но надеж за „подобро утре“ во големите натпреварувања во иднина. Ова се пораките што ги испрати 16-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ кој претпладнево беше првиот од шесте македонски репрезенти на Олимписките игри 2024.

„Имав трема пред трката. И моите години го сторија своето. Бев многу возбуден. Сепак ова е големо искуство за мене. Секако, дека ќе се прикажам во подобро светло на следните големи натпреварувања“, изјави 16-годишниот Ѓуретановиќ.

Ѓуретановиќ се појави во квалификациите на 400 метри слободен стил. Делницата ја исплива со време 4:05:38 минути, што беше за три секунди од неговиот личен рекорд со кој беше пријавен за Игрите. Беше последен во својата група со пет пливачи и последен воопшто во квалификациите на 400 метри слободно.

Следниот настап на македонски претставник во Париз е веќе утре (недела), кога на олимписката сцена ќе излезе стрелачката Анастасија Мојсовска во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.

Пливачот Никола Ѓуретановиќ последен на 400 метри слободен стил на Игрите во Париз

Фото: mok.org.mk