Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израел почна да пумпа морска вода во подземните тунели во Газа

/

пред 1051 дена

Сподели преку :

Израелските одбранбени сили (ИДФ) почнаа да го полнат комплексот тунели на Хамас во Газа со морска вода, јави „Волстрит Џурнал“, цитирајќи неименувани американски официјални претставници. Весникот додава дека процесот најверојатно ќе трае со недели.

Некои претставници на администрацијата на Бајден рекле дека процесот може да помогне да се уништат тунелите, каде Израел верува дека терористичката група крие заложници, борци и муниција, објави Волстрит Џурнал. Други официјални лица изразиле загриженост дека морската вода ќе го загрози снабдувањето со свежа вода во Газа.

Процесот на поплавување почнал откако ИДФ додаде две пумпи на пет пумпи кои беа инсталирани за да ги поплават тунелите минатиот месец, изјавиле претставници на американските власти за медиумот. Првите пет големи пумпи беа поставени северно од бегалскиот камп Ал Шати минатиот месец, а секоја може да испумпува илјадници кубни метри морска вода во тунелите.

Потопување на тунелите со морска вода и „сунѓер“ бомби – Израел со опции за уништување на Хамас