Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Прво во Брисел, па на надзор во Собрание за Онишченко- директорот на АНБ Виктор Димовски со службен пат го одложи расветлувањето на еквестријан-скандалот

/

пред 1419 дена

Сподели преку :

Директорот на АНБ Виктор Димовски ќе оди на службен пат во Брисел за што го известил претседателот на собраниската надзорна комисија Љупчо Пренџов. Поради тоа, Димовски не може да присуствува на утрешната седница на комисијата свикана за да се расчисти скандалот со даденото спортско државјанство на контроверзниот украински политичар Олександар Онишченко гонет за корупција, проституција и ширење дезинформации.

-Директорот Димовски ми се јави,ме извести за патот и изрази подготвеност да сведочи пред комисијата но во петок кога ќе се врати од пат во Брисел, ни потврди пратеникот Пренџов во телефонски разговор.

АНБ издала позитивно мислење за државјанството на Онишченко кој бил пријавен како спортист во еквестријан односно во прескокнување на пречки со коњ. На повеќе јавни извори на информации, името на Онишченко се поврзува со корупциски скандали во Украина и истраги за елитна проституција преку украинскиот избор на Мис.

САД го ставија Олександр Онишченко на црна листа поради ширење на дезинформации и поткопување на демократијата во пресрет на последните американски претседателски избори.

Насилникот кој нападна медиумска екипа пред „домот“ на Онишченко е во полициска станица, се подготвува кривична пријава и истрага