Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Смена на државниот обвинител Коцевски, бара премиерот кој посакува судење за Пулс без политичко влијание- поенти од интервјуто со Мицкоски за ТОП Тема каде посочи и плата на судија од 3 илјади евра

/

пред 335 дена

Сподели преку :

Смена на државниот обвинител Коцевски, бара премиерот кој посакува судење за Пулс без политичко влијание- поенти од интервјуто со претседателот на владата Христијан Мицкоски за ТОП Тема каде посочи и плата на судија од 3 илјади евра.

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТОП Тема рече дека очекува од судењето за Пулс да биде без политичко влијание и злоупотреба од политичките фактори.

„И затоа не можеме да кажеме дека нема политичко влијание, бидејќи тие политичари, тие полкитички партии се обидуваат да ја злоупотребаат оваа мака, со континуирано испраќање на политички пораки“, вели Мицкоски.

За разлика од нив, додаде премиерот, „јас цело време молчам и оставам обвинителството, судовите да си ги вршат оние надлежности кои што ги имаат, односно да имаме фер судење, да имаме судење кое што јасно ќе детектира кои се виновни, кои не се виновни“.

Мицкоски побара и смена на државниот обвинител Љупчо Коцевски за кого веќе е изгласана недоверба во Собранието.

-Кога разговараме и велам дека сум незадоволен, лично јас и јавноста, од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани по така јавно искажан збор е негова смена, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Мицкоски смета дека судскиот буџет не треба да се зголемува бидејќи платите на судиите се високи.

-Ако просечната плата во државата е 45.000 денари, а, да речеме, претседател на суд има нето плата месечно од 180.000 денари, јас мислам дека е малку многу, рече премиерот Христијан Мицкоски.