За делото тешки дела против здравјето на луѓето за кое е обвинета Пешевска законот предвидува казна затвор од 3 месеци до 3 години.
Судијката објаснуваше дека ги имала предвид сите околности и последиците како што последиците се загрозување на здрaвjето на 7 онколошки пациенти но и нејзиното признание на вина и каење дека ги оставала факсимилот и лозинката од компјутерски систем за пациентите да добијат побрза услуга но биле злоупотребени.
Судијката рече дека очекува самата закана од затворска казна да делува превентивно да го поправи поднесувањето.
Пешевска по признанието на вина објаснуваше дека таа не ги лекувала 7-те пациенти чие здравје според обвинителството е влошило поради несоодветниот начина на лекување спротивно на медицинските протоколи, туку онкологот Нино Васев кој е сито така обвинет и против него и уште двајца доктори од Клиниката за онкологија судењето за несовесно лекување продолжува.
Елена Ивановска Мукоска











