Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почина 33-годишна битолчанка, со симптоми на корона, но не била тестирана

/

пред 1721 дена

Сподели преку :

Утрово 33-годишна битолчанка починала во битолската болница, а била примена синоќа со симптоми на корона, но без правен тест. Телото на починатата е испратено на обдукција за да ги утврди причините за смртта на пациентката.

-Пациентката синоќа се јави на преглед и е задржана на болничко лекување. Имала проблеми со дишење и изразена кашлица. Иако со симптоми на корона, не била тестирана  и не се води како позитивен случај. Во текот на ноќта состојбата на пациентката драматично и се влоши, а пациентката утрово почина. Нема коморбидитети освен обезност. Пациентката не е вакцинирана, а побарана е обдукција, изјави директорката на Клиничката болница во Битола Билјана Гагачовска.

Покрај Скопје, Битола е единствен град кој има над илјада активни случаи на корона вирус. Во моментот таму има 1.456 позитивни пациенти.

Поради можни тензии, обдукција на починатата родилка од Црнилиште наместо во институт вршена во селото- почина на 10-ти јануари, а денеска е извршена ексхумација