Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски за приведениот директор на Платежната агенција кој Владата го назначи: Нема поголема штета за едно општество од ваков тип на девијантно однесување

/

пред 337 дена

Сподели преку :

Во акција на ОЈО ГОКК и МВР приведен е Илија Стоилев, актуелниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Тој се сомничи дека бил затекнат како прима поткуп од 5 илјади евра за забрзување на исплата на европски средства.

Под раководство на јавен обвинител, истражители од ОЈО и единици на МВР извршија претреси на повеќе локации низ државата, поради основано сомневање за кривични дела од коруптивна природа.

Истрагата, според извори, опфаќа и поранешен пратеник од Струга. Агенцијата е одговорна за спроведување на ИПАРД-програмата, која ги обработува апликациите и ја врши исплатата на европските средства за рурален развој. Вкупниот буџет на програмата за периодот 2021-2027 година изнесува 97 милиони евра, кои се распределуваат на регистрирани земјоделци и рурални стопанства.

Приведен е Илија Стоилев актуелниот директор на Платежната агенција – се сомничи дека е затекнат како прима поткуп од 5 илјади евра

Т.Д.