Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР му врачи протестна нота на рускиот амбасадор

/

пред 665 дена

Сподели преку :

Попладнево во МНР бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.

Притоа му била врачена протестна нота со која се изразува силна осуда и протест за нанесената материјална штета од ракетниот напад на руските армиски сили врз Киев, при кој беше погодена и Амбасадата на Република Македонија.

Нападот врз Киев се случил рано наутро при што загинало едно лице, а повредени се 12. Нападот го оневмозжил системот за затоплување на 630 станбени згради, 16 болници и 30 училишта и градинки. Со нападот оштетени се 20 административни висококатници, како и на католичката црква „Св. Никола“ во центарот на Киев и Националниот јазичен универизтет.

 

Погодена зграда во Киев каде се наоѓа Амбасадата на Македонија, МНР го осуди рускиот напад