Единаесетгодишен ученик падна од прозорец на третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп каде учел и се здоби со тешки телесни повреди. Настанот се случи вчера околу 15 часот, за време на училишниот одмор по што веднаш е пренесен во Општата болница во Прилеп.
Од таму, со повеќе скршеници по телото, синоќа е префрлен на Клиниката за детска хирургија од каде информираат дека ученикот е во стабилна општа состојба и е вон вон животна опасност.
Шестоодделенецот има скршеници на петицата и пршлените и е на опсервација. Најпрво интервенираше итната медицинска помош која го затекна момчето во полусвесна состојба.
- Вчера беше пријавено во Итната медицинска помош дека паднало дете од трети спрат во училиштето. Екипата интеврнираше и веднаш беше префрлено на Одделот за анестезија во Прилепската болница. Од првичните прегледи се констатира дека има фрактури на едното стапало и сомнеж за скршеници на градните пршлени. Веднаш беше префрлено на лекување на Детската хирургија во Скопје, изјави Боше Милошевски, началник на итната медицинска помош во Прилеп.
Како се случил овој немил настан, во кој е избегната поголема трагедија засега не се знае, а од битолската полиција велат дека се работи на расветлување на случајот.
Емилија Мисирлиевски
11-годишен ученик од Прилеп паднал од трети кат во училиште во Прилеп











