Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Загинаа две лица кои биле во автомобилот кој паднал во реката Радика

/

пред 284 дена

Сподели преку :

Две лица загинаа во сообраќајната несреќа со патничко возило кое излетало од коловозот и паднало во реката Радика во близина на Бигорскиот манастир.

Од МВР информираат дека станува збор за возачот и негов сопатник кои биле во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, кое се движело на регионалниот пат Маврово – Дебар.

„Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолксваген бора” со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото“, соопштуваат  од МВР.

Увидот на местото на несреќата е сè уште во тек.

Возило се превртело и паднало во реката Радика кај Бигорскиот манастир